петок, 8 ноември 2024

Иранската телевизија објави видео од нападот во кој беше убиен лидерот на Хезболах во Бејрут

Иранските медиуми објавија видео од моментот на израелскиот напад на бункерот на Хезболах во Бејрут, Либан, во кој минатата недела беше убиен лидерот на шиитската милиција Хасан Насрала.

Фото: скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Во серија израелски напади беа убиени многу високи водачи на либанската милитантна група, нејзините електронски уреди беа кренати во воздух и беше уништен дел од нејзиниот огромен ракетен арсенал.

Израелските воздухопловни сили погодија бункер со околу 80 тони експлозив, пишува Волстрит џурнал. Во нападот биле употребени серија темпирани, верижни експлозии за да се пробие подземниот бункер, изјави висок израелски воен претставник.

Убиството на Насрала предизвика реакција од Иран, кој го поддржува Хезболах. Стотици проектили беа истрелани кон Израел во вторникот со што ескалацијата на Блискиот Исток се зголемува од ден на ден.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ