вторник, 22 октомври 2024

Русите им оддадоа почит на жртвите на сталинистичкиот режим иако властите го забранија собирот

Русите денеска им оддадоа почит на жртвите на сталинистичкиот режим, читајќи ги имињата на луѓето егзекутирани за време на теророт помеѓу 1936 и 1938 година, што секоја година го организира невладината организација Меморијал. Руското правосудство на крајот на 2021 година нареди организацијата да се распушти, неколку недели пред нападот на Украина на 24 февруари 2022 година.

Објавено на

часот

Сподели

Во Москва, ова читање традиционално се организира во близина на споменикот на жртвите на советската репресија, кој се наоѓа спроти Лубјанка, злогласниот штаб на Сталиновата политичка полиција, советската КГБ и денес ФСБ, службата на руските безбедносни сили.

Меморијал објави дека властите го забраниле собирот кај Лубјанка. Таа локација денеска беше опкружена со метални бариери со силно полициско присуство.

Олег Орлов, менаџерот на Меморијал, кој неодамна беше казнет поради осудата на офанзивата против Украина, сепак беше присутен на местото на настанот.

Неколку западни амбасадори, меѓу кои и францускиот и американскиот, положија цвеќе.

Поради забраната за собири, Меморијал организираше читање имиња на симболични места во Москва, како што се старите адреси на жртвите на репресијата, гробиштата и пред затворите.

Настанот се одржа и во други руски градови како Волгоград, поранешен Сталинград, во Новосибирск, Сибир, како и во странство.

Основан во 1989 година, Меморијал ги документира злосторствата на СССР и во исто време се бори за одбрана на човековите права и правата на политичките затвореници во Русија.

Според руските и западните историчари, сталинистичкиот терор, кој го достигна својот врв во годините 1937-1938 година, предизвика околу 20 милиони смртни случаи, вклучувајќи масовни егзекуции, смрт во гулази и депортации во нехигиенски области, како и глад во Украина и во неколку региони на Русија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ