вторник, 22 октомври 2024

Русија започна со депортација на странски државјани

Руската Државна Дума денеска во прво читање го усвои предлог-законот за нов режим на депортација на странци кои се наоѓаат во Русија и немаат причина да останат во земјата.

Илустрација: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Странските државјани во Русија, кои немаат причина да останат во земјата, ќе бидат предмет на депортација откако ќе бидат запишани во посебен регистар на контролирани лица, пренесе РИА Новости.

После тоа, тие нема да можат да го менуваат местото на престој или да престојуваат во Русија без полициска дозвола, нема да можат да патуваат надвор од регионот на престојување, да возат возила, да стекнуваат имот и да регистрираат брак.

Пристап до регистарот ќе имаат државните органи, како и сите правни и физички лица. Врз основа на предложениот закон, полицијата ќе има право да влегува во простории каде што се наоѓа илегален мигрант, а ќе има и право да употреби сила.

За контрола на странците, предлог-законот предлага воведување на неколку нови мерки, како што се утврдување на локацијата на странски државјанин, проверка на сите документи, вклучително и оние кои содржат даночни или доверливи информации за состојбата на банкарските сметки. Дополнително, се предлага периодот на престој на странски државјани во Русија да се намали на 90 дена годишно.

Според нацрт-законот, за да го задржи правото на влез во Русија, странски државјанин ќе мора да ги почитува традиционалните вредности и да не се меша во политиката на руската влада.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ