вторник, 22 октомври 2024

Русија: За нападот на детската болница во Киев виновна е Украина

Кремљ денеска тврди дека украински противвоздушен оган, а не руска ракета, погодил во понеделникот детска болница во Киев.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Не извршуваме напади врз цивилни цели, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пренесува Ројтерс.

Украинската служба за безбедност соопшти дека руската ракета Кх-101 Калибар ја погодила болницата и дека на местото на ударот биле пронајдени делови од ракетата со сериски број, како и делови од системот за наведување.

Песков изјави дека руското Министерство за одбрана отфрла секаква можност за напад врз цивилни цели и дека станува збор за соборен противракетен систем.

Напади се вршат врз објекти од критична инфраструктура и воени цели поврзани со воениот потенцијал на режимот во Киев, рече Песков.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ