вторник, 22 октомври 2024

Русија во ОН: Израел нема право да се брани

Рускиот претставник во ОН Василиј Небензија на специјалната седница на Генералното собрание на ОН за Палестина зборуваше за актуелната војна и упати низа критики за однесувањето на израелските власти.

Објавено на

часот

Сподели

Небензија рече дека Израел нема право да се брани бидејќи е окупаторска сила, не може да ги има правата како другите држави кога се работи за војна.

„Единствено што Израелците можат да соберат се континуирани изјави за наводното право на Израел на самоодбрана, иако како окупаторска сила ја немаат таа моќ, како што беше потврдено со советодавното мислење на Меѓународниот суд на правдата во 2004 година“, рече Небензја.

Тој исто така рече дека еврејскиот народ треба да знае многу повеќе од другите што значи страдање на цивилите.

„Што се однесува до безбедноста на Израел, ние ги признаваме неговите права да ја гарантира својата безбедност. Сепак, безбедноста може да биде целосно загарантирана само ако го решиме палестинското прашање врз основа на релевантните резолуции на Советот за безбедност на ОН. Еврејскиот народ страдаше со векови и треба да знае подобро од кого било дека страдањата на обичните луѓе, невините животи изгубени во име на слепата одмазда, нема ниту да ја вратат правдата, ниту да ги оживеат мртвите или да ги утешат нивните семејства“, заклучи Небензија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ