сабота, 19 октомври 2024

Русија: Украински дронови ја погодија Москва, еден повреден (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Руското Министерство за одбрана соопшти дека украинско беспилотно летало е уништено во воздух над областа Одинцово, а уште две се срушиле во Москва, пренесува ТАСС.

Едно лице е повредено во експлозија во зграда, јави ТАСС, повикувајќи се на итните служби. Аеродромот е затворен за пристигнувања и полетувања, соопшти агенцијата.

„Украински беспилотни летала нападнаа вечерва. Фасадите на две градски канцелариски кули се малку оштетени“, објави градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин на Телеграм.

Украинската влада не одговори веднаш на барањето за коментар и не презеде одговорност за нападите. Денешниот напад е последен во серијата неодамнешни напади со беспилотни летала, вклучувајќи го и оној врз Кремљ и руските градови во близина на границата со Украина, за кои Москва го обвини Киев.

Русија во понеделникот соопшти дека жестоко ќе ѝ возврати на Украина откако две беспилотни летала оштетија згради во Москва, со еден напад во близина на зграда каде војската одржува брифинзи за, како што Русија ја нарекува својата „специјална воена операција“ во Украина. Украинскиот вицепремиер Михаило Федоров тогаш изјави дека ќе има нови напади со беспилотни летала.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ