вторник, 22 октомври 2024

Русија: Украина гранатираше села во регионот на Белгород

Објавено на

часот

Сподели

Остатоци од гранати удриле во автомобили кои поминувале во тој момент. Во еден од нив имало две жени кои починале на местото на настанот, изјави Вјачеслав Гладков. Тој рече дека проектилите паднале на патот во селото Маслова Пристањ, на неколку километри од Шебекин на украинската граница, кое оваа недела беше под силен напад.

Во вториот автомобил се ранети двајца мажи. Едниот бил погоден од шрапнел во градниот кош, а другиот во нозете, додаде Гладков, велејќи дека се донесени во болница во тешка состојба.

Според гувернерот, под украински оган биле и други места во тој регион, каде што немало жртви, но била причинета материјална штета. Еден ден претходно руската армија објави дека со помош на артилеријата и авијацијата одбила уште еден украински копнен напад врз регионот.

Поради сè пожестоките напади, жителите бегаат од бомбардираните области во привремени засолништа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ