сабота, 19 октомври 2024

Русија соборила 113 беспилотни летала во нејзините области што граничат со Украина

Русија објави дека синоќа пресретнала и соборила 113 украински беспилотни летала во регионите Белгород, Курск, Воронеж и Брјанск, кои граничат со Украина.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Руската противвоздушна одбрана собори 73 беспилотни летала во регионот на Белгород, 25 во Вороњеж, 14 во Курск и еден во Брјанск, соопшти руското Министерство за одбрана преку Телеграм.

Една жена е ранета во градот Стари Оскол во Белгородската област, каде што беше соборено едно од тие беспилотни летала, изјави преку Телеграм гувернерот на тој регион Вјачеслав Гладков.

Според Гладков, четири руски цивили загинале, а 24 се ранети во украинските напади во последните 24 часа во регионот на Белгород.

Русија речиси секојдневно објавува дека уништила украински беспилотни летала лансирани на нејзина територија.

Киев вели дека ги изведува нападите како одговор на руското бомбардирање на Украина, кое трае повеќе од две години.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ