сабота, 19 октомври 2024

Русија собори 31 украинско беспилотно летало на западот на земјата кој се граничи со Украина

Русија собори 31 украинско беспилотно летало на своја територија и осуети обид на украински десантен тим да стаса до Западен Крим користејќи глисер и три џет скии, соопшти руското Министерство за одбрана.

Објавено на

часот

Сподели

„Системите за противвоздушна одбрана кои делуваат на територијата на регионите Белгород, Брјанск и Курск (кои граничат со Украина) пресретнаа и уништија 31 украинско беспилотно летало“, соопшти руското Министерство преку Телеграм.

Нема информации за евентуални загинати или повредени и за причинета штета.

Гувернерот на областа Брјанск Александар Богомаз претходно изјави дека руските сили го уништиле дронот кој не предизвикал никаква штета и не повредил никого.

Според Богомаз, Киев користел и касетна муниција во нападите на областа што предизвикало „делумно уништување“ на станбени згради.

Откако Украина ја започна својата контраофанзива на почетокот на јуни, руските региони речиси секојдневно ги обвинуваат украинските сили дека напаѓаат цивилни цели со беспилотни летала или проектили.

Руското Министерство за одбрана, исто така, објави дека го осуетило обидот на украинскиот десантен тим да стаса до Кејп Тарханкут, полуостровот Крим, кој Москва го анектираше во 2014 година.

„Во северозападниот дел на Црното Море, руските воздухопловни сили спречија обид на група вооружени сили на Украина да стасаат на територијата на Крим“, соопшти руското министерство.

Војниците со воен глисер и три џет-ски оделе кон Кејп Тарханкут на северозапад од полуостровот.

Москва летово повеќе пати објави дека уништила украински воени глисери во Црното Море кои се движеле во правец на Крим.

На 10 септември, авијацијата на руската Црноморска флота уништи три глисери со украински војници во западниот дел на Црното Море, соопшти руската војска.

Во август, Украина се пофали дека извршила ретка операција со командоси на Крим и дека таму го подигнала украинското знаме пред групата да замине „без загуби“.

Во септември, Киев го гаѓаше седиштето на руската Црноморска флота во Севастопол, Крим, тврдејќи дека во нападот биле убиени триесетина офицери. Русија, која речиси никогаш не дава информации за своите воени загуби, тогаш извести дека само едно лице исчезнало во тие украински напади.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ