петок, 25 октомври 2024

Русија сака да ја поништи 70 години старата одлука со која Крим ѝ бил доделен на Украина

Руските пратеници во Думата, долниот дом на парламентот, поднесоа предлог закон за поништување на советската одлука од 1954 година со која полуостровот Крим, дотогаш во состав на Русија, ѝ бил даден на Украина.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Целта на потегот е веројатно да се создаде правна основа за Русија да може да тврди дека црноморскиот полуостров Крим никогаш не бил дел од Украина.

Нацрт законот, кој го предложија пратеници од двата дома на рускиот парламент, ја опишува одлуката од 1954 како произволна и незаконска бидејќи не бил одржан референдум, а советските власти немале право, без согласност од републиката, да доделуваат територија на друга република. Не е објавено кога пратениците во парламентот ќе расправаат за предлог законот.

Рускиот претседател Владимир Путин го осуди предавањето на Крим во 1954, кога на власт бил Никита Хрушчов, нарекувајќи ја кршење на тогашните закони.

Москва во 2014 година ја презема контролата врз Крим и го анектираше врз основа на референдумот на кој локалното население се изјасни за припојување кон Русија. Украина и западните земји не го признаваат анектирањето.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ