сабота, 19 октомври 2024

Русија сака да го забрани промовирањето живот без деца

Пратениците на долниот дом на рускиот парламент го усвоија во првото читање предлог законот со кој се сака да се забрани промовирање живот без деца, поради демографската криза влошена со конфликтот во Украина и со цел заштита на традиционалните вредности чиј заговорник е Москва.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Предлог законот е усвоен едногласно, но мора да биде изгласан и во второто и третото читање.

„Силното семејство беше прогласено за традиционална вредност во Русија во 2022“, истакнаа авторите на текстот, меѓу кои се и претседателката на горниот дом на парламентот Валентина Матвиенко и претседателот на Думата Вјачеслав Володин.

„Една од заканите за традиционалните вредности во руското општество е промовирањето на идеологијата на живот без деца која доведува до слабеење на општествените институции и создава околности за депопулација“, истакнаа тие.

Според нив, неколку заедници и групи на интернет промовираат таков начин на живот и имаат агресивен став кон луѓето кои имаат деца.

„Затоа треба да се создаде механизам за заштита на традиционалните вредности“, објаснија авторите, предложувајќи да се забрани промовирањето живот без деца на интернет, во медиумите, на филмовите и во рекламите.

Според Володин, физичко лице според предложениот закон би можело да биде казнето со околу 4.000 евра, функционерите двојно, а правните лица до 47.000 евра.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ