петок, 18 октомври 2024

Русија распореди повеќе од 180.000 нови војници во Украина

Објавено на

часот

Сподели

„Повеќе од 180.000 припадници на руските трупи се распоредени во зоната на одговорност на силите на Источната група, на Лиманско-Купјанскиот фронт. Овој фронт е подолг, поради што непријателот таму ги концентрира своите сили“, изјави Серхи Череватиј, портпарол на источната групација на украинските вооружени сили, пренесе Си-ен-ен.

Во интервју за украинските медиуми во понеделникот, Череватиј додаде дека „повеќе од 120.000 непријателски војници“ во моментов се во правец на Лиман-Купјанск.

Тој рече дека новите распоредувања на војската вклучуваат „воздушно-јуришни и механизирани единици, единици на резервниот систем БАРС, територијални сили и нови јуришни чети „Сторм З“, кои, како што рече, регрутираат и лица со криминални досиеја.

Градовите Лиман и Купјанск се наоѓаат на околу 100 километри северно од Бахмут на источниот фронт на Украина.

Череватиј рече дека има околу 50.000 руски војници на фронтот кај Бахмут.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ