петок, 25 октомври 2024

Русија користи српски агент за да се инфилтрира во телата на ЕУ, велат западни разузнавачи

Во октомври 2023 година, српски државјанин што работи со руската безбедносна агенција се состанал со членови на Европскиот парламент.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во октомври 2023 Србин што работи со руска безбедноста агенција се сретна со членови на Европарламентот, пишува Политико.

Руските разузнавачки служби користат српски агент за да се инфилтрира во институциите на ЕУ и да зборува во полза на Кремљ за неговата инвазија на Украина, според брифинг на западните разузнавачки служби, кој дошол до Политико.

Неодамна, во октомври 2023 година, српскиот државјанин Новица Антиќ – активен „агент од влијание“, кој свесно и често соработувал со руската безбедносна агенција, според документите – одржал состаноци со европски претставници во Брисел и, конкретно, со членови на Европскиот парламент.

Меѓу европратениците биле и германската пратеничка од Зелените Виола фон Крамон-Таубадел, италијанската пратеничка од социјалистите и демократите Алесандра Морети и Владимир Билчик, словачки член на конзервативната група на Европските народни партии, според соопштението за печатот и фотографија видена од Политико. Ништо во брифингот не сугерира дека Морети, Билчик и Фон Крамон-Таубадел биле свесни за врските на Антиќ со ФСБ кога се сретнале со него.

Морети, Билчик и Фон Крамон-Таубадел не одговориле на прашањата на Политико.

Антиќ, претседател на српскиот воен синдикат, се сретнал и со претставници на синдикатите ЕУРОМИЛ и ЕПСУ, кои го претставуваат персоналот на вооружените сили и вработените во јавните служби во Европската Унија.

На прашањето за средбата со Антиќ, претставник на ЕПСУ одговорил: „Делегација на неговиот синдикат беше во Брисел во октомври, каде што се сретнаа со неколку европратеници и сите беа транспарентни. Единствената тема беа синдикалните права“.

Од ЕУРОМИЛ за Политико рекле дека жестоко реагирале на настаните во Србија и отфрлиле какви било можни врски со руските власти. Претседателот на ЕУРОМИЛ Емануел Џејкоб додал дека „организацијата би можела да преземе краткорочен чекор за привремено суспендирање на статусот на набљудувач на Србија во очекување на разјаснување“.

Според западниот разузнавачки брифинг што го видел Политико, Антиќ е активен „агент од влијание“ на руската Федерална служба за безбедност, позната како ФСБ.

Антиќ тесно соработува со соработник на ФСБ по име Вјачеслав Калинин, руски државјанин и главен уредник на Ветеран њуз, медиумска веб-страница специјализирана за вести за ветераните на вооружените сили. Табот „За нас“ на веб-страницата вели дека Ветеран њуз е „информативен партнер“ на ФСБ и руското Министерство за одбрана, меѓу другите разграноци на руските безбедносни сили.

Калинин не одговорил на прашањата на Политико.

Додека разузнавачкиот брифинг особено ги истакнува активностите на Антиќ, забележува дека Калинин регрутирал други луѓе, без да прецизира колку и во кои земји.

Русија ја користи Србија како лансирно поле за операции за влијание дизајнирани да ги ослабат про-ЕУ и про-НАТО чувствата во земјата, како и во Европската Унија, која е цврст поддржувач на Украина од руската инвазија пред две години. Антиќ ја искористи својата улога како шеф на воениот синдикат на Србија за да го критикува српскиот претседател Александар Вучиќ и високи членови на вооружените сили на земјата.

„Тие ја искористија секоја можност за да ја промовираат руската пропаганда поврзана со војната во Украина“, се вели во брифингот, мислејќи на состаноците во Србија и земјите од ЕУ.

Веста дека Антиќ одржал состаноци во Европскиот парламент ја нагласува ранливоста на телото на државните операции на влијание. Претходно овој месец, Политико откри шпионски софтвер на мобилните телефони на двајца пратеници во Европскиот парламент, вклучувајќи ја и поранешната француска министерка за Европа Натали Лоазо, која претседава со поткомитетот за одбрана на телото.

Антиќ и неговите претставници не одговориле на прашањата на Политико.

Калинин го поканил Антиќ во Русија за да се сретне со високи руски воени функционери помеѓу 2019 и 2020 година. Првично фокусирани на влијанието врз српското граѓанско општество, двајцата оттогаш го прошириле својот фокус за да ги вклучат европските синдикати и организациите на ветераните и, во последниве месеци, членовите на Европскиот парламент.

Антиќ, отворен критичар на вооружените сили на Србија, кој се судри со политичкото раководство на земјата, во моментов е приведен под неодредени обвиненија, според информативната веб-страница Балкан инсајт.

Според Балкан инсајт, Антиќ двапати бил разрешен од војската на Србија во последните пет години. Тој, според изданието, почнал штрајк со глад во знак на протест поради неговиот притвор. Адвокатот на Антиќ одбил да прецизира за Балкан инсајт за какви обвиненија се товари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ