САД неделава објавија дека ќе престанат да испраќаат известувања до Русија како што се предвидувало со договорот за контрола на оружјето, вклучително и нови информации за локациите на американските проектили и системи за лансирање, како одговор на тоа што Москва го крши договорот.
Според Рјабков, тоа не е изненадување за Москва, но руската одлука за суспендирање на Нов СТАРТ останува на сила и покрај какви било контрамерки.
„Без оглед на какви било мерки или контрамерки од американска страна, нашата одлука да го суспендираме договорот СТАРТ е непоколеблива“, рече тој, а пренесе ТАСС. „И нашиот услов за враќање на целосно оперативен договор е САД да се откажат од својот во основа непријателски став кон Русија“.