вторник, 22 октомври 2024

Русија издаде потерница по Јулија Навалнаја

Судот во Москва издаде потерница по Јулија Навалнаја, вдовицата на Алексеј Навални. Потерницата е издадена под обвинение за „учество во екстремистичка организација“, пренесува Москва тајмс.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Навалнаja најави дека ќе ја продолжи работата на својот сопруг набргу по неговата смрт во затворот на Арктикот во февруари. Во 2021 година, руските власти ја означија активистичката мрежа на Навални, вклучително и распуштената Фондација за борба против корупцијата, како „екстремистичка“.

Со тоа вработените, волонтерите и поддржувачите на Навални се изложени на ризик од кривично гонење. „Јулија Борисовна Навалнаja ги избегна органите на прелиминарната истрага и затоа беше издадена потерница“, објави Московскиот окружен суд Басманџи на својот канал Телеграм.

Јулија Навалнаja моментално живее надвор од Русија, а доколку некогаш се врати, ѝ се заканува казна затвор до шест години. Таа долго време важеше за посветена сопруга и мајка, го поддржуваше Навални и се појавуваше со него на митинзи, но се држеше надвор од политиката.

Три дена по смртта на Навални, таа вети дека ќе продолжи со неговата работа, истакнувајќи дека „нема право да се откаже“ откако „Владимир Путин го убил нејзиниот сопруг“. Во март таа помогна да се соберат илјадници Руси на протести во и надвор од Русија на денот на претседателските избори.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ