недела, 21 јули 2024

Русија: Хамас ќе ослободи дополнителни руски заложници во знак на благодарност до Путин

Објавено на

часот

Сподели

„Не ослободивме ниту еден Израелец кој е во Газа, освен Русинот Рон Кривој, кој го ослободивме во знак на благодарност за односот на рускиот претседател Путин“, го цитираше Тасс претставникот на Хамас Муса Абу Марзук.

„Ќе ослободиме уште неколку Руси денес надвор од примирјето“, додаде Марзук.

Тасс истакна дека Марзук неодамна ја посети Москва.

Кривој беше ослободен на 26 ноември. Руски Израелец кој работел како техничар за звук на музичкиот фестивал „Нова“ кој беше нападнат од Хамас.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова изјави дека Кривој е ослободен поради руските дипломатски контакти со Хамас.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ