вторник, 22 октомври 2024

Русија го нападна Киев и неговата околина (ВИДЕО)

Две лица се повредени, десетици станбени и други објекти се оштетени во руски ракетен напад врз регионот на Киев во текот на ноќта, изјави денеска шефот на регионалната државна администрација.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Од трите ракети лансирани од Русија, украинскиот систем за противвоздушна одбрана уништи две над регионот на Киев, изјави командантот на украинските воздухопловни сили, Микола Олешук.

Во својата изјава за апликацијата за пораки Телеграм, Олешук не кажа што се случило со третата ракета. На социјалните мрежи се шири снимка од руска ракета како прелетува над Киев. Не се знае за која од трите станува збор.

Паѓањето на урнатините повреди две лица на кои не им беше потребна хоспитализација, изјави на Телеграм Руслан Кравченко, шеф на администрацијата на регионот Киев.

Урнатините оштетиле шест повеќекатници и повеќе од 20 приватни куќи, додаде Кравченко. Освен тоа, оштетени се бензинска пумпа, аптека, управна зграда и три автомобили во регионот.

Киев, неговиот околен регион и неколку други ширум Украина беа под тревога за воздушен напад околу еден час утрово.

Очевидци на Ројтерс изјавија дека во тоа време слушнале неколку експлозии во и околу Киев.

Русија вчера го нападна Харков и погоди станбена зграда. Во нападот на вториот по големина украински град загинаа две лица, 53 беа повредени. Меѓу нив има и три деца.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски побара дополнителна помош за да ѝ помогне на земјата да се справи со растечката закана од такво оружје.

„Потребни ни се силни одлуки од нашите партнери за да ни овозможат да ги запреме руските терористи и руските воздухопловни сили таму каде што се“, извика Зеленски.

Џесика Берлин од тинк-тенк Центарот за анализа на европската политика објави грозоморна видео снимка од нападот. „Ова може да биде која било улица во Европа. Ова е Харков секој ден под руски терор“, напиша таа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ