вторник, 22 октомври 2024

Русија ги предупреди САД: Имаме само две опции ако започне нуклеарна војна

Објавено на

часот

Сподели

Пратеникот на Државната дума на Русија, Олег Морозов, се осврна на последната одлука на Вашингтон, кој најави дека САД од 1 јуни ќе престанат да ѝ предаваат информации на Русија за статусот и локацијата на нејзиното стратешко оружје што спаѓа во Договорот за намалување и ограничување на стратешкото офанзивно оружје.

„Не нѝ оставаат избор. Ако не сакаат да го зачуваат заедничкиот штит, мечот треба да се изостри. Хиперсоничното оружје, нуклеарните мотори, прецизноста и беспрекорноста се компонентите на нашиот меч. Имаме само две опции ако започне нуклеарна војна: да победиме или да не изгубиме. Американците тоа треба да го вметнат во своите глави“, изјави Морозов.

Членот на Меѓународниот комитет на Советот на Руската Федерација, Сергеј Чеков, се согласува дека одлуката на Вашингтон ќе има негативно влијание врз глобалната безбедност.

„Тоа е лошо за глобалната безбедност, за Америка, Русија, Европа“, рече Чеков и посочи дека Русија секогаш ги почитувала сите договори, додека Американците ги прекршувале.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ