вторник, 22 октомври 2024

Русија ги обвини САД за ракетниот напад на Крим

Кремљ денес директно ги обвини Соединетите Американски Држави за нападот на Крим со американски проектили АТАКМС во кој вчера беа убиени најмалку четири лица, вклучувајќи две деца, а 151 лице се повредени, порачувајќи дека ќе има последици.

Објавено на

часот

Сподели

Руските функционери предупредуваат дека војната во Украина влегува во најопасната фаза до сега, а претседателот Владимир Путин постојано укажува на ризикот од многу поголема војна со западните сили. Директното обвинување на САД за нападот на Крим е ново заострување на ситуацијата.

„Совршено добро знаеме кој стои зад ова“, кажа портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков, додавајќи дека е јасно кој го испорачал оружјето, кој ја одбрал целта и кој обезбедил податоци за неговото користење.

„Тука е сè апсолутно јасно. Како претставници на медиумите, треба да ги прашате моите колеги во Европа, а пред сè во Вашингтон, секретарите за медиуми, зошто нивните влади убиваат руски деца. Само поставете им го тоа прашање“, истакна тој.

Руското министерство за надворешни работи објави денес дека американската амбасадорка во Москва била повикана на разговор за да биде предупредена на мерките за одмазда за нападот на Крим ден претходно.

Министерството соопшти дека Лин Трејси е предупредена дека „Соединетите Држави, кои водат хибридна војна против Русија, станале страна во конфликтот“ во Украина и дека ќе следат „мерки на одмазда“. Руското министерство за одбрана соопшти денес дека САД се одговорни за нападот на плажата во Севастопол.

На прашањето како ќе одговори Русија, Песков потсети на зборовите на Путин од 6 јуни кога кажа дека ќе распоред конвенционални проектили за да може да ги гаѓаат САД и европските сојузници ако тие дозволат Украина да гаѓа подлабоко во руска територија со западното оружје со долг дострел.

„Нормално, вмешаноста на САД во борбите, поради што гинат мирољубиви Руси, може само да има последици. Какви – времето ќе покаже“, кажа Песков.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ