петок, 22 ноември 2024

Руфи Османи до партиите: Почитувајте ме, не ме вмешувајте во изборите

Поранешниот пратеник и поранешен градоначалник на Гостивар, професорот Руфи Османи ги демантира политичките партии на Албанците кои го споменуваат како можен кандидат за претседател на Македонија на изборите годинава. „Не сум разговарал и нема да имам никакви дебати со ниту една политичка партија“, вели Османи.

Фото од фејсбук-профилот на Османи

Објавено на

часот

Сподели

Руфи Османи преку соопштение ги демантира информациите за негова наводна кандидатура за претседателската функција на државата на мајските избори.

„Во врска со последните информации за моја наводна кандидатура за претседател на државата, ги демантирам овие информации како целосно неосновани. Не сум разговарал и нема да имам никаква дебата со ниту една политичка партија, ниту од позиција, ниту од опозицијата. Им препорачувам на сите политички партии да го почитуваат етичкиот кодекс на секој поединец пред јавно да ги објават своите позиции. Посакувајќи цивилизирана демократска дебата и натпревар во албанскиот политички табор, барам мојот човечки идентитет да не се споменува во никаква конотација со оглед на политичките избори во мај“, рече универзитетскиот професор Руфи Османи чиј демант се чини е насочен пред се кон Европскиот сојуз за промени од чиј табор дел од медиумите пренесуваат дека тој е нивен можен кандидат за изборите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ