вторник, 22 октомври 2024
во пресрет на 28 Август - Денот на рударите

Рудникот Саса ќе ги награди вработените и ќе донира за безбедноста во сообраќајот

Објавено на

часот

Сподели

Честитајќи им го Денот на рударите на сите вработени во Саса како и на вработените во целокупната домашна рударска   индустрија, генералниот директор, Кристофер  Колбурн, изјави дека компанијата е горда со сѐ што нејзиниот тим има направено во изминатиот период, особено во делот на безбедноста и благосостојбата на вработените, кои за компанијата биле и ќе  останат највисок приоритет и постојана  грижа. 

„Со големи залагања од сите и   континуираната  поддршка што ја   добиваме   од Централ Азија Металс, Саса и во следниот период ќе продолжи по патот на успехот и одржливиот развој, обезбедувајќи  благосостојба за своите вработени, поддржувајќи ја локалната заедница ипридонесувајќи за просперитетот на земјата. Од клучно значење за ваквиот одржлив развој се новите капитални проекти, вредни над 40 милиони долари, во чија реализација бележиме значаеннапредок, а кои ќе обезбедат безбедна, еколошки одговорна и стабилна работа на Саса и во годините што следуваат“, истакна Колбурн. 

м

Оваа година, како дел од својата континуирана грижа и поддршка за заедницата, компанијата одлучи да ги откаже сите интерни свечености поврзани со прославата на Денот на рударите, а планираните средства за нивната организација да ги пренамени во проект за зголемување на безбедноста во сообраќајот во локалната заедница. 

Заради осмислување и реализација на овој проект, Саса во следниот период како што информираа од компанијата ќе воспостави комуникација и соработка со надлежни домашни институции и организации од оваа област. Ваквата одлука следува по зачестените сообраќајни несреќи со трагични последици кои во последно време се случуваат во овој регион од земјата.

н

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ