петок, 25 октомври 2024

РТС: Припадник на Жандармеријата ранет со самострел пред амбасадата на Израел во Белград, тој го убил напаѓачот

Припадник на српската Жандармерија е застрелан со самострел во вратот пред амбасадата на Израел во Белград, пренесува Радиотелевизија Србија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Тој во самоодбрана возвратил со оган и го совладал напаѓачот, кој од добиените рани починал.

Министерот за полиција на Србија Ивица Дачиќ соопшти дека непознато лице, чиј идентитет се утврдува, пукало од самострел во припадник на Жандармеријата кој бил на должност обезбедување на амбасадата на Израел.

„Денес околу 11 часот Н.Н. лицето, чиј идентитет се утврдува, пукало од самострел во припадник на Жандармеријата кој бил на должност обезбедување на амбасадата на Израел, и го погодил во вратот. Припадникот на Жандармеријата М.Ј. (34) во самоодбрана го употребил оружјето и го совладал напаѓачот, кој од последиците на ранувањето починал“, соопшти Дачиќ.

РТС наведува дека полицаецот во свесна состојба бил префрлен во Ургентниот центар, каде ќе биде извршена операција за вадење на стрелата од вратот.

„Сите околности на нападот и можните мотиви се утврдуваат“, изјави Дачиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ