сабота, 19 октомври 2024

РТ: Годишнина од злосторството во Одеса: Запалија живи луѓе од омраза

Објавено на

часот

Сподели

Во Украина веќе почна да се крчка она што денес сè почесто се нарекува граѓанска војна: од крајот на 2013 до почетокот на 2014 години се случија судирите во Киев меѓу владата на Виктор Јанукович и прозападната опозиција, масовните демонстрации кои на крајот доведоа до смена на тогашниот претседател на крајот на февруари 2014 година.

Во Одеса на тој 2 мај на улиците на градот се најдоа поддржувачите на единствена Украина, во шаторска населба на Куликово поле кампуваа проруските демонстранти, а во градот пристигнаа и фудбалски хулигани на натпревар на Черноморец од Одеса и Металист од Харков. Покрај тоа, во одбрана на „својата кауза“ беа и припадници на Десен сектор. Многумина вооружени со палки, ланци, Молотови коктели, со шлемови.

Во масовната тепачка имаше и пукање, на шаторите беа фрлени Молотови коктели, но тој пожар беше само вовед во оној кој се случи во блиската зграда на Домот на синдикатот каде пред украинските националисти, хулигани и збеснатата толпа бегаа проруските демонстранти. Полицијата ја изгуби контролата над она што се случуваше на улиците, меѓу граѓаните на Одеса и повеќе никого на штитеше.

Стотици луѓе најдоа засолниште во зградата, на оние кои се обидуваа да избегаат од огнената стихија преку пожарните скали беше пукано од огнено оружје, не им беше дозволен пристап на пожарникарите, а водата во зградата била исклучена. Оние кои се обидуваа од огнот да се спасат со скокање од прозорците, толпата ги дочекуваше без милост и пресметувајќи се со нив. Наводно најмалку осум луѓе загинале обидувајќи се да се спасат со скок низ прозорец.

Во пожарот беа живи запалени 48 луѓе, а повредени имаше 240.

„Целиот свет ги виде страшните снимки од изгорените трупови. Уште пошокантни по својата суровост беа кошмарните фотографии и снимки на кои луѓето скокаат низ прозорците на зградата, а неонацистите ги докрајчуваат ранети на земјата… Киевскиот режим го повтори она што бандеровците го направија пред повеќе од 80 години во белоруски Хатињ“, кажа портпаролката на руското министерство за надворешни работи Марија Захарова по повод годишнината од злосторството во Одеса.

На деветтата годишнина од овие страшни настани таа потсети дека опсежна истрага за овие настани никогаш не е спроведена.

„Извршителите на злосторствата не се казнети. Дури многумина од оние кои се гледаат на снимките и очигледно масакрираат живи луѓе не само што останаа на слобода, туку се бават со јавни активности во украинската држава. И да ве потсетам дека тоа е истата држава која изјави дека ќе биде предводник на демократијата во регионот“, додаде Захарова.

Таа кажа дека киевските власти нашле „жртвено јагне“ во ликот на поранешниот шеф на милицијата на јавната безбедност Дмитриј Фучеџиј, кого Приморскиот окружен суд на Одеса на 18 април го осуди во отсуство на 15 години затвор под обвинување за организирање на масовните немири и злоупотреба на позицијата, што довело до трагичните настани.

„Палењето луѓе е злоупотреба на службената позиција, а нивното докрајчување се, по сè изгледа, масовни немири? И така е сè таму“, заклучи Захарова.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ