вторник, 22 октомври 2024
Напаѓачот нема намера да сопре

Роналдо се чудеше како не му свирнаа пенал, па со гол и асистенција го одбележа натпреварот број 1.200 (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо вечерва го одигра натпреварот број 1.200 во својата кариера, Португалецот го одбележа овој убав јубилеј со гол и аситенција во победата на Ал Наср од 4-1 над Ал Ријад.

Објавено на

часот

Сподели

Роналдо не покажува знаци дека планира да сопре во брзо време, Португалецот вечерва го одигра натпреварот број 1.200 во својата кариера.

Мечот против Ал Ријад почна фрустрирачки за напаѓачот откако еден од дефанзивците со рака му блокираше удар на гол линијата, ЦР7 се чудеше како судијата не свирна пенал.

Но потоа работите си дојдоа на свое место, Кристијано Роналдо во 33. минута рутински реализираше за 1-0, а во судиското надополнување, сјајно му асистираше на Отавио за 2-0.

Во продолжението од мечот, Талиска со два гола го потврди победникот, а почесниот гол за гостите беше дело на Греј.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ