Во дербито на „Диего Армандо Марадона“, Наполи и Рома ги поделија бодовите. По едно мирно прво полувреме, ривалите приредија шоу во продолжението од мечот.
Дибала од пенал ја донесе „волчицата“ во водство од 0-1 по еден час игра, но домаќините само пет минути подоцна одговорија и изедначија на 1-1 преку Оливера.
Во 84. минута беше досудена најстрога казна за Наполи, Осимен биеше прецизно за пресврт и 2-1, но Абрахам го имаше последниот збор и во 89. минута се погрижи Рома да избегне пораз.
На вториот натпревар од 18 часот, Аталанта беше сигурна против Емполи и славеше со 2-0.
Пашалиќ од белата точка во 42. минута го отвори резултатот, а Лукман на стартот од вториот дел ги реши сите дилеми и реализираше за 2-0.