Во летниот преоден рок Рома потроши над 100 милиони евра за засилувања, а тимот се уште нема победа. По четири одиграни меча тие се на 15. место со три освоени бода, а данокот го плати Де Роси.
„Рома соопштува дека го отпушти Даниеле Де Роси од должноста тренер на првиот тим“, стои во соопштението на Рома.
Засега не е познато кој ќе биде новиот тренер.