Салернитана беше поблиску до победата со оглед на тоа што двапати водеше во текот на натпреварот.
Мечот беше отворен во 12. минута кога по асистенција од Кулибали, Кандрева постигна гол за водство на Салернитана од 1-0.
Пред крајот на полувремето Роџер Ибањез даде гол, но му беше поништен поради играње со рака од Белоти.
По само две минути игра во второто полувреме, Ел Шарави постигна гол за 1-1 и ја врати надежта кај Рома дека може да победи.
Но само седум минути подоцна Диа искористи едно невнимание на одбраната на Рома и донесе ново водство на Салернитана.
Во 83. минута Немања Матиќ постигна гол и израмни на 2-2. Тоа беше конечниот резултат на натпреварот.
Рома со ова реми ги загуби реалните шанси за топ четири, па за место во Лигата на шампионите има само една опција, да ја освои Лига Европа.