вторник, 22 октомври 2024

Рома и Фиорентина ги поделија бодовите, „волчицата“ го заврши мечот со девет фудбалери (ВИДЕО)

Рома и Фиорентина одиграа нерешено 1-1, „римската волчица“ мечот го заврши со девет фудбалери, но виолетовите не го искористија тоа во целост.
 

Објавено на

часот

Сподели

Рома имаше фантастичен старт на мечот, по една одлична акција во петтата минута Лукаку даде гол со глава по асистенција од Дибала.

Во 25. минута Дибала се повреди и мораше да биде изваден од игра. Тогаш како да се променија работите на теренот.

Во 64. минута Залевски доби втор жолт картон, Рома остана со фудбалер помалку, а само две минути подоцна тоа го искористи Фиорентина и изедначи преку Мартинез Кварта.

Ситуацијата стана уште полоша за Рома во 87. минута кога Лукаку поради опасен старт доби директен црвен картон. Домаќините останаа со девет фудбалери.

Се играше уште десет минути потоа, но Фиорентина не успеа да искористи, мечот заврши 1-1.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ