сабота, 19 октомври 2024
Нереални сцени на мечот меѓу Алкараз и Зверев

Рој пчели се појавија на Индијан Велс, истребувачот се однесуваше како рок ѕвезда (ВИДЕО)

Неверојатна ситуација на четвртфиналниот меч меѓу Карлос Алкараз и Александер Зверев, се појавија рој пчели, па мораше да биде повикан истребувач за да ги елиминира, а тој беше посебна приказна.

Објавено на

часот

Сподели

Мечот меѓу Алкараз и Зверев беше нападнат од рој пчели, условите станаа невозможни за игра, па судијата го прекина дуелот.

На теренот се појави истребувач на пчели, извесен Ленс Дејвис кој со своето однесување предизвика овации во публиката, но и меѓу коментаторите. Се однесуваше буквално како рок ѕвезда.

Откако продолжи мечот, Карлос Алкараз беше доминантен, го доби дуелот со Зверев со убедливи 6-3 и 6-1 и се пласираше во полуфиналето. Таму ќе игра против Синер кој лесно со 2-0 го совлада Лехечка.

Во второто полуфинале ќе се сретнат Пол и Медведев. Пол со 2-1 го совлада Руд, а Медведев со 2-0 беше подобар од Руне.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ