петок, 18 октомври 2024

Роби Вилијамс се плаши од терористи

Објавено на

часот

Сподели

„Пред некоја ноќ сонував дека некоја секташка група сака да ме убие. И порано сум сонувал страшни работи, но ништо не се мери со кошмарите во последниот период. Конкретна парамилитарна група тргна во поход по мојот живот“, изјави тој за весникот Дејли стар.
Роби, кој е во брак со актерката Ајда Филд, сфатил дека сонувал дури откако го видел братот на својата жена  како стои на скалите на неговата куќа во Лос Анџелес.
37-годишниот пејач во минатото призна дека имал периоди на параноја и во 2008 цело лето го помина затворен на својот имот во Калифорнија, пред да се појави во јавноста облечен во костум на горила и со очила за сонце.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ