вторник, 22 октомври 2024

Роберт Фицо се врати на работа: Се извинувам што преживеав

Словачкиот премиер Роберт Фицо се врати на работа, неполни два месеца откако беше ранет со четири куршуми во обид за атентат.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Поетот Јурај Цитула на 15 мај го застрела 59-годишниот Роберт Фицо од непосредна близина. Напаѓачот бил веднаш уапсен и обвинет за тероризам.

Медиумите пренесуваат дека претседателот Фицо на денешната владина седница дошол преку тунел за да ги избегне новинарите.

„Почитувани прогресивни медиуми и опозиција, се извинувам што преживеав, но се вратив“, изјави Фицо.

Откако тој ја презеде функцијата премиер минатата есен, Словачка одби да продолжи да дава помош за Украина. Роберт Фицо, како и унгарскиот премиер Виктор Орбан, е за мировни преговори со Русија, пренесува Франс прес.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ