недела, 21 јули 2024

РКЕ: Бензините поскапуваат за 1%

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Македонија (РКЕ) донесе oдлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,00%  во однос на одлуката од 1 јули.

Објавено на

часот

Сподели

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 2,641%, кај дизелот зголемувањето е во просек за 1,924% , кај екстра лесното масло зголемувањето е во просек за 1,125% и кај мазутот зголемување во просек за околу 2,178%. Затоа е извршено и соодветното прилагодување, соопшти РКЕ.

Од утре максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин – еуросупер БС –  9584 (денари/литар)
Моторен бензин – еуросупер БС – 9886 (денари/литар)
Дизел гориво – еуродизел БС (Д-Е V)77 (денари/литар)
Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)75,5 (денари/литар)
Мазут М-1 НС48,634 (денари/килограм)

Малопродажните цени на бензините еуросупер БС-95 и  еуросупер БС-98 се зголемуваат за еден денар за литар.

Малопродажните цени на еуродизел (Д-Е V) и на екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се зголемуваат за 0,5 денари за литар. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС, се зголемува за 0,626 денари за килограм.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ