Македонија одигра извонредно прво полувреме и катастрофалнао второ поради што загубивме од Украина со 3-2.
„Многу јасна слика, извонредно прво полувреме и класичен македонски менталитет во второто полувреме. Останува да работиме на тој сегмент, мислам дека во иднина ако сакаме нешто да направиме не е само дисципилината, туку и тактичката дисципилина. На 2-0 ако примиш гол не е загубен натпреварот, треба да покажеш менталитет тогаш“, вели Ристовски.
„Ова е само втор меч и имаме уште шанси во квалификациите“.
„Ова е удар, кога имаше водство од 2-0 и кога ќе загубиш нормално дека е удар. Тажни сме, тоа се гледа по целата соблекувална. Кога гледам дека желбата беше голема кај сите фудбалери и кога ќе загубиш ваков меч се надевам дека ќе извлечеме поуки од ова. Во Англија одиме да се натпреваруваме, нема друга опција“.
Помошникот на Благоја Милевски, Роберт Стојановски вели дека клучно за поразот е тоа што македонските фудбалери немаат минутажа во своите клубови, па падот во вториот дел на физичката сила го сторил своето.
„Би сакал да им честитам на гостите, победата не им е заслужена, две различни полувремиња, се работи за менталитетот, но и за терминот кој не ни одговра. Им честитам на момците, огиравме тактички зрело во првиот дел, во второто полувреме имавме проблем со физичкиот дел и на тоа се должи падот во играта“, вели Стојановски.
„За да се одигра високо на овој ранг треба да имаме фудбалери кои играат во своите клубови, тоа што нашите играчи немаат голема минутажа во своите клубови очигледно влијаеше. Овој натпревар заврши, сега мислите ни се кон следниот меч. Секако дека ќе има промени во составот за дуелот со Англија по црвениот картон на Муслиу. Таму нема што да загубиме, одиме да се надигруваме, па ќе видиме што ќе испадне“.