На турнирот што го организира Сојузот на спортски федерации на Македонија во соработка со Министерството за спорт настапуваат 45 учесници од екипите од Македонија, Србија и од Бугарија.
„Овој настан не е само спортска манифестација, туку вистинско сведоштво за силата и за упорноста без разлика на предизвиците со кои се соочуваме. Како министер за спорт, сакам да истакнам дека Министерството за спорт со гордост стои зад овој настан. Нашата поддршка не е само финансиска, туку и длабоко морална и општествена. Веруваме дека сите луѓе, заслужуваат еднакви можности за учество во спортот“, рече Ристовски.
Тој истакна дека Министерството за спорт ќе продолжи да ги поддржува ваквите иницијативи.
„Секој од вас тука е победник, зашто вашето учество на овој турнир е победа за вас, за вашите семејства, и за нашето општество во борбата и заложбата за еднаквост и инклузивност. Ќе продолжиме да поддржуваме вакви иницијативи, затоа што веруваме во вас, веруваме во вашите способности и во вашата волја“, рече Ристовски во обраќањето до учесниците и организаторите на турнирот.
Во рамките на денешните активности, Ристовски присуствува и на Отворениот ден на Специјална олимпијада Македонија, настан на кој ја нагласи важноста на спортот во градењето на инклузивно општество. Министерот за спорт денеска ќе ги поздрави и младите ватерполисти учесници на Меѓународниот ватерполо турнир „Скопје 2024“ што се одржува на базенот во СЦ „Борис Трајковски“.