вторник, 22 октомври 2024

Рио Тинто: Одлуката за продолжување на проектот Јадар е на надлежните органи на Србија

Објавувањето на работните нацрти на студијата за проценка на влијанието на животната средина, за отворање на рудник за литиум кај Лозница, не претставува почеток на официјалниот процес на јавен увид во студијата, кој го наложува законодавството на Србија, порача за весникот Данас компанијата Рио Тинто, која го истражуваше тоа подрачје и планира да отвори рудник.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Одлуката за можно продолжување на реализацијата на проектот Јадар е, како што наведиа во таа компанија, зависи од надлежните органи на Србија.

Доколку биде донесена одлука за продолжување на реализацијата на тој проект, како што додаваат, неопходно е Студијата за проценка на влијанието на животната средина да го помине со закон предвидениот процес, кој вклучува јавни расправи и ревизии на независни експерти и да биде официјално одобрена во согласност со законот.

Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави за британски Фајненшал тајмс дека, ако Србија исполни сè, дека рудникот би можел да биде отворен во 2028 година, што е во спротивност со одлуката на владата на Србија, со која овој проект беше стопиран во јануари 2022 година. Компанијата Рио Тинто пред неколку дена самоиницијативно го објави работниот нацрт на студијата за проценка на влијанието на животната средина.

Отворањето на рудникот во 2028 зависи, како што соопшти британската компанија, од исполнувањето на сите законски и процедурални барања, како и завршување на дополнителните технички и еколошки студии.

„Овие контролни чекори вклучуваат јавни консултации и коментари. Ниедна рударска активност не може да почне додека не се завршат овие регулаторни чекори“, објаснуваат од Рио Тинто.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ