недела, 6 октомври 2024

Рибокрадството е причина за појавата на изумрени риби во делчевско

Изумрени риби попладнево се забележани во долниот тек на река Брегалница во делчевско. За појавата алармираа сточари кои вршат испаша на домашни животни во атарот на селата Драмче и Бигла во близина на реката Брегалница.

Фото: скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Самостојниот општински инспектор Љупчо Симоновски, во изјава за МИА, посочи дека се работи за рибокрадство.

„Логично ваквата појава е од рибокрадци кои фрлаат динамит, кај Биглата. Нема од што друго да биде“, истакна Симоновски.

Спортското риболовно друштво и здруженија на граѓани за утре најавија прес – конференција, на која ќе побараат одговорност за случајот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ