четврток, 25 јули 2024

Ретроспектива на анимираниот филм на Македонија и на БиХ во Сараево

Објавено на

часот

Сподели

Настанот е на инцијатива на НУ Филмски центар „Вардар филм“ – Скопје, а го организираат заедно со Сараевскиот филмски центар.

„Филмската изложба ќе го презентира развивањето на анимираниот филм во нашата земја низ годините се до денес, преку изложба и презентација на постери, фолии, кукли и други материјали од анимираните филмови во продукција на Вардар филм и од новите македонски анимирани филмови. Филмските проекции ќе опфаќаат прикажувања на неколку анимирани филмови од минатото и сегашноста, со што ќе се направи една ретроспектива на македонскиот и босанскиот анимиран филм“, наведуваат организаторите.

На проекциите и разговорите каде тема ќе биде анимацијата во минатото и сега, ќе присуствуваат директорот на НУФЦ Вардар филм – Скопје Сани Саиди со дел од неговиот тим и авторите Жарко Иванов и Крсте Господиновски. Од земјата домаќин, најавено е учеството на млади филмски работници, на познатиот босански аниматор проф. Митад Ајнович како и директорката на Сараевскиот филмски центар, Инес Танович.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ