четврток, 24 октомври 2024

Решенијата за медиумите треба да произлезат од фелата, смета министерот Андоновски

Министерството за дигитална трансформација ќе дава идеи околу регулацијата на медиумите но нема да ги регулира, изјави денеска на средба со новинарите ресорниот министер Стефан Андоновски.

Објавено на

часот

Сподели

„Би бил тежок збор да кажам регулација на медиумите, но наша заложба како Министерство ќе биде на една маса да успееме да ги седнеме претставниците на здруженијата на медиумите, претставниците на сопствениците на медиумите и сите заинтересирани страни во процесот и да донесеме закон или легислатива што ќе одговара на сите овие страни и минимум стандарди што ќе треба да ги исполнуваат електронските медиуми. Не сакаме да наметнуваме решенија во делот на медиумите, сакаме решенијата да произлезат од фелата, од новинарите и секако од радиодифузерите“, истакна Андоновски.

Како што кажа, министерството ќе се заложи и за фриленсерите и за регулација и признавање на работата од далечина, односно од дома, за да немаат проблеми фирмите со инспекциите поради обврската вработените да се регистрираат со електронски картички за присуството на работното место за компаниите со над 50 вработени.

„Во однос на фриленсерите наша заложба и во владината програма е дека ќе ги препознаеме фриленсерите како лица кои работат на дигитални платформи и заработуваат преку тие платформи. Се надевам дека со измените што се подготвуваат во Законот за работни односи токму оваа категорија ќе биде вклучена“, посочи Андоновски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ