вторник, 22 октомври 2024

Републиканците бараат отповикување на секретарот за внатрешна безбедност поради ситуацијата со Мексико

Одборот за внатрешна безбедност на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, кој го водат републиканците, го усвои предлогот за отповикување на секретарот за внатрешна безбедност Алехандро Мајоркас.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Петнаесетте демократи во одборот гласаа против предлогот и оценија дека станува збор за обид за свртување на вниманието.

Републиканците го обвинуваат Мајоркас дека не го почитувал федералниот имиграциски закон и дека ја изиграл довербата на јавноста. Тие сметаат дека не направил доволно за да го реши проблемот со безбедноста на границата на САД и Мексико и големиот број мигранти кои влегуваат во Соединетите Американски Држави.

Процесот на гласањето за отповикување на Мајрокас се случува во момент кога во Сенатот се преговара за закон кој би го вклучил и прашањето за безбедноста на границата. Претседателот Џо Бајден кажа дека тој закон ќе биде „најостриот и најправеден пакет реформи за обезбедување на границата досега“.

Откако предлогот за отповикување го помина Одборот за внатрешна безбедност, Претставничкиот дом во пленум би можел за тоа да гласа најрано следната недела. Не е познато дали предлогот ќе биде усвоен, бидејќи републиканците имаат тесно мнозинство, а демократите се против.

Ниеден член од владиниот кабинет не е отповикан во Претставничкиот дом од 1876 година кога низ тој процес минал воениот секретар Вилијам Белкнап. Тоа отповикување не го минало Сенатот каде се потребни две третини од гласовите.

Републиканците тврдат дека Мајоркас „свесно и систематично одбивал да ги спроведе законите кои ги донел Конгресот, дека ја изиграл довербата на Конгресот и на американскиот народ“, наведе претседавачот на Одборот за внатрешни прашања во Претставничкиот дом Мајк Грин.

Мајоркас ги негира сите обвинувања.

„Ве уверувам дека вашите лажни обвинувања нема да ме спречат во вршењето на мисијата на која се посветив во текот на целата своја кариера и на која останувам посветен“, наведе Мајоркас.

Тој апелираше до членовите на одборот да продолжат да работат со администрацијата и да ги поправат „лошите и застарени миграциски закони“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ