петок, 18 октомври 2024

Републичката изборна комисија го отфрли приговорот на српската опозиција за поништување на изборите

Српската Републичка изборна комисија (РИК) го отфрли приговорот на коалицијата „Србија против насилството“ за поништување на изборите бидејќи, како што кажаа, листата на оваа коалиција за изборите во Белград не е овластена да поднесе барање до РИК.

Објавено на

часот

Сподели

Заменик претседателот на РИК Марко Јанковиќ кажа дека овој приговор овластени лица од белградската листа го поднеле во Градската изборна комисија (ГИК), која се прогласила за ненадлежна и го отстапила на РИК на одлучување.

Јанковиќ додаде дека листата барала поништување на сите места кои се во надлежност на комисијата тргнувајќи од фактот дека изборите биле спроведени во атмосфера на грубо кршење на правилата и дека целите избори биле незаконски.

Повеќе членови на РИК предложиле и РИК да се прогласи за ненадлежна бидејќи приговорот е упатен до ГИК, и дека е јасно од контекстот дека се мисли само на градските избори, односно дека мора да одлучи ГИК а не „да се крие зад РИК“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ