вторник, 22 октомври 2024

Реми на Швајцарија и Шкотска, прекрасен гол на Шаќири (ВИДЕО)

Шкотска и Швајцарија ги поделија бодовите играјќи нерешено 1-1, двата гола беа постигнати во првото полувреме, а тој на Џердан Шаќири беше посебно убав.

Објавено на

часот

Сподели

По победата над Унгарија во првото коло, Швајцарија освои бод против Шкотска кој веројатно ќе им биде доволен за да се пласираат во осминафиналето на Европското првенство.

Бодот носи надеж и за Шкотланѓаните кои во последното коло ќе треба да ја победат Унгарија.

Шкотска подобро го почна денешниот дуел, во 13. минута со гол на Скот Мектоминеј со помош на Шер дојде во водство од 1-0.

Но, предноста не траеше многу долго, во 26. минута Шаќити постигна прекрасен гол за изедначување на 1-1.

До крајот на мечот и двете селекции имаа шанси, на Швајцарците им беа поништени два гола поради офсајд, а Шкотланѓаните ја погодија стативата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ