петок, 25 октомври 2024

Реквизитерката што го наполни пиштолот на Болдвин е осудена за убиство на камерманката

Реквизитерката задолжена за оружје на филмскиот сет, која го наполни пиштолот на актерот Алек Болдвин пред тој да пука и да убие снимателка на сетот на филмот Руст во 2021 година, е прогласена за виновна за убиство од небрежност, јавува Би-би-си.

Фото: скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Реквизитерката на филмот беше соочена со обвинение за убиство од небрежност и ѝ се судеше дека наводно донела вистински куршум за Колт 45 на сетот на вестернот.

Хана Гутиерез-Рид (26) е прогласена за невина по втората точка од обвинението – манипулација со докази.

По оваа пресуда таа може да добие и до три години затвор.

Актерот Алек Болдвин исто така се соочува со судење за убиство од небрежност поради смртта на Халин Хачинс.

Хачинс (42) беше убиена откако пиштолот што Болдвин го користеше на проба испукал вистински куршум на сетот на филмот во Ново Мексико.

Обвинителите им тврдеа на поротниците дека Гутиерез-Рид, која го надгледувала оружјето во филмот, постапила невнимателно кога го наполнила пиштолот и не успеала да се осигури дека пиштолот ќе биде наполнет само со лажни куршуми.

„Овој случај е врзан за постојани безбедносни пропусти кои резултираа со смрт на човечко суштество“, рече обвинителката Кари Т Морисеј за време на завршните зборови во средата.

„Гутиерез-Рид беше немарна, невнимателна и непромислена кога не забележала дека вистински куршуми се измешани со лажни куршуми во кутијата со муниција на снимањето“, изјави Морисеј пред поротниците.

Еден од тие куршуми бил во огненото оружје што го користел Болдвин, соопштија обвинителите.

Гутиерез-Рид не сведочеше во двонеделното судење, но нејзиниот адвокат Џејсон Боулс во завршните зборови тврдеше дека обвинителите не успеале да докажат дека неговата клиентка е единственото лице одговорно за фаталното пукање.

Боулс тврдеше дека неговата клиентка не знаела дека на снимањето имало вистински куршуми.

Тој, исто така, тврдеше дека Болдвин е тој што треба да се гони за кривичното дело, бидејќи тој го држел пиштолот кога пукнал. Тој беше и продуцент на филмот.

„Таа [Гутиерез-Рид] е лесна мета, најмалку моќната личност на сетот. Лесно жртвено јагне“, рече нејзиниот адвокат во воведното соопштение на судењето.

Судењето на Алек Болдвин за убиство од небрежност е закажано за 10 јули. Обвиненијата против Болдвин веќе еднаш беа отфрлени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ