петок, 25 октомври 2024

Рекордно количество дожд во Задар, во Нин брод се насука на улица (ФОТО+ВИДЕО)

Големи количества дожд паднаа во областа Задар од неделата навечер до понеделник наутро, 164 литри на квадратен метар, поплавени се речиси сите делови на Задар, а бурниот југо ги отсече од копното повеќето острови, рече раководителот на Метеоролошката станица во Задар Анѓелко Видовиќ.

Фото: социјални мрежи

Објавено на

часот

Сподели

„Невремето придружено со силни грмежи започна во неделата околу 20 часот и траеше до понеделникот рано наутро. Во областа Задар падна дожд како во половина Хрватска, а вчера по 14 часот беше забележан најсилниот удар на југо – 25,5 метри во секунда, што одговара на брзина од околу 98 километри на час“, додаде тој.

Поплавени се речиси сите делови на Задар, најмногу западниот дел на градот, а пожарникарите имале 21 интервенција во текот на ноќта и 12 во утринските часови.

„Повеќето од подрумите, гаражите и приземните станбени простори беа испумпани, автомобилите останаа во вода, а интервенции имавме и во Задар, Кожин, Дикл и Петрчани, на островот Угљан, во Нин и Ражанац“, рече противпожарниот началник Матеј Рудиќ.

Тој посочи дека поради големиот број интервенции, била ангажирана и Државната интервентна единица Задар за помош на пожарникарите на Јавната противпожарна единица Задар, а доброволни противпожарни бригади интервенирале и во други делови од округот.

Во Нин еден брод завршил насукан на улица.

Сè уште е во прекин траектната линија Биоград – Ткон на островот Пашман, а патниците и возилата се пренасочуваат на линијата Задар (Гаженица) – Преко на островот Угљан.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ