вторник, 22 октомври 2024

Рекорд во македонскиот ракомет, Петар Атанасијевиќ постигна 32 гола на еден натпревар

Ракометарот на Пелистер, Петар Атанасијевиќ постигна луд рекорд откако постигна 32 гола во победата од 57-16 против тимот на Шампион во рамките од Купот на Македонија.
 

Објавено на

часот

Сподели

Младинскиот репрезентативец на Македонија, Петар Атанасијевиќ имаше ден кој вечно ќе го памети, тој на еден меч даде дури 32 гола, што е рекорд во македонскиот ракомет.

Девет гола даде во првото полувреме, а дури 23 во вториот дел од мечот кој Пелистер го доби убедливо со 57-16.

Атанасијевиќ за еден гол го надмина претходниот рекод кој го држеше Златко Димитровски кога во дресот на Тиквеш постигна 31 гол на еден меч.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ