Со тоа се изгубени преку дваесет милиони календарски денови, а тоа е така бидејќи болничкиот систем во Словенија нема временско ограничување и затоа не може да се спореди со други европски држави. Како што пишува 24ур, таков систем во Европа има само Бугарија.
„Состојбата во последните години е загрижувачка“, предупредува Ана Водичар, шефица на одделот за одлучување за правата и медицинските производи во словенечкиот Завод за здравствено осигурување.
Рекордер во Словенија е човек кој веќе 12 години е на боледување.
„Нашето законодавство, а само уште Бугарија има таков пример, не познава временско ограничување на боледувањето. Во странските системи привремената неспособност за работа по правило трае една, можеби и три години. Потоа следи, ако некој сè уште е неспособен за работа, траен облик на неспособност.
Во Словенија тоа го немаме. Ако некој е неспособен за работа и остане на листата на боледувања, тоа не може да му престане само затоа што е на листата веќе неколку години“, објаснува Водичар за 24ур.
„Имајќи предвид дека сè повеќе луѓе се на боледување, не може да биде поинаку од тоа што паричната надомест страшно ни расте.
Ако во 2014 сме имале околу 225 милиони расходи од здравствената каса, лани сме исплатиле речиси 700 милиони евра. Тоа е енормно зголемување. И затоа е тоа толку загрижувачко“, кажа Водичар.
Минатата година просечното боледување во Словенија траело 13,4 дена, но времетраењето се разликува од регион до регион. Најдолгото боледување било во Корушка и траело 19 дена, додека најкраткото траење на боледување било во Горишка и траело 11 дена, наведува 24ур.