Ако редовно не се чисти филтерот на климатизерите тоа може да предизвика таложење на опасни бактерии и микроорганизми кои понекогаш можат да развијат и пневмонија кај луѓето кои подолго седат во климатизирана просторија.
Бактериите лесно се пренесуваат со дишење во климатизираната просторија, а лесно се заразуваат повозрасните лица, лица со хронични белодробни заболувања и оние со намален имунитет.
Навременото лекување на ова заболување од бактеријата легионела е особено важно. Но многу поважно е редовното чистење на филтрите на апаратите за разладување.