петок, 29 ноември 2024

Речиси половина од бебињата се раѓаат со царски рез, а тоа носи ризик за родилките, покажуваат податоците на гинеколозите

Објавено на

часот

Сподели

Унапредување на женското здравје преку ширење нови знаења, промоција на истражувања, размена на искуства и практики се главните прашања на агендата на Петтиот конгрес на гинеколози и опстетричари на Македонија со меѓународен предзнак што викендов се одржува во Охрид.

Конгресот е можност преку бројни дебати и дискусии – низ интеракција со предавачите и учесниците, а ги има над петстотини од земјава од Италија, Турција, Малта, Португалија, Египет, Словенија, Хрватска, Србија, Албанија, да се насочат здравствените работници до опипливи и практични заклучоци за актуелни клинички прашања, да се дискутираат етички и јавно-здравствените прашања, да се разговара за стандардите за лекување и технолошкиот напредок…

Проф. д-р Ана Данева – Маркова, продекан за специјализации и супспецијализации на Медицинскиот Факултет при УКИМ, истакна дека земјава се соочува со дефицит на кадар, со нагласок дека тоа е светски тренд, тренд што не можеме да го одбегнеме и ние како држава.

„Меѓутоа се работи, последните години варијаблите што кажуваат за здравјето на мајката и новоредените, покажуваат подобрување. Недостигот кадар се надополнува со мобилни екипи, а во однос нови кадри, бројот специјализации двојно се зголемени“, рече проф. д-р Ана Данева Маркова, продекан за специјализации и супспецијализации на Медицинскиот Факултет при УКИМ.

Кога станува збор за севкупното здравје на мајките и младите жени, таа посочи дека има потреба уште да се работи на зголемување на свеста за потребата од редовни прегледи, а проблем е и опаѓањето на фертилитетот, се повеќе младите жени одлучуваат подоцна да станат мајки.

По однос состојбата со апаратура и опременоста на гинеколошките установи, според Данева Маркова, во земјата ситуацијата е добра, со нејзина забелешка дека таа опрема треба соодветно да се користи.

„Тука е особено акцентот со ваквите настани да може да ги поттикнеме уште повеќе колегите да се вклучат во сите овие едукации, а она што е најважно на што ќе продолжиме со нашите партнери  IPPF, СЗО и УНИЦЕФ, е да тие едукации да си спроведеме таму каде што работат докторите, не само на секции, конгреси, семинари, туку едукацијата да се донесе таму каде што докторите во секојднавната работа ги обавуваат сите тие прегледи“, рече таа.

Проф. д-р Глигор Тофоски, претседател на Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари, меѓу другото укажа на прашањето за огромен пораст на бројот породувања со царски рез, енермно зголемување на таа процедура во регионот, особено во земјава каде речиси половина од бебињата или 43 проценти, се раѓаат со царски рез.

„Тоа е оптоварување на здравствениот систем, бара опрема, кадар, анестезиолози, материјал,  а прашање е и за мајките дали носи бенефит затоа што компликациите од породувањето со царски рез носи далеку поголеми ризици…Она што ќе се анализира токму е регионалниот пристап, како секоја од државите се справува, дали оние препораки што ги даваат ОН, СЗО ги почитуваме како лекари, но и дали самите пациентки се доволно упатени за ризиците и предностите на породување по природен пат“, рече Тофоски.

Проф. д-р. Оливера Контиќ-Вучиниќ од Белград, се осврна на прашањето на репродуктивното здравје, од аспект на превенцијата на болести, односно се што младите треба да го знаат кога се впуштаат во интимни односи.

„Сметам дека младите луѓе мораат да добијат подобра едукација врзана за почетокот со интимни односи. Мислам дека младата генерација нема апсолутно доволно развиена свест, дали од нас како родители, дали образовниот процес, дали од општеството, за неопходноста да бидат заштитени и какви се потенцијалните, дури и животни последици од евентуални инфекции, не смао од ХПВ туку и од многу други инфективни агенси. Тоа е прашањето на контрацепцијата кај младите, прашање на превенцијата, прашање на сексуалното образование, така што ваквите состаноци секако даваат свој придонес“, рече таа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ