недела, 22 септември 2024

Реал Мадрид со пресврт до убедлива победа над Еспањол (ВИДЕО)

Реал Мадрид со 4-1 го победи Еспањол, победата е убедлива, но не беше лесно стигнато до неа.

Објавено на

часот

Сподели

Во првиот дел мрежите мируваа, а по девет минути игра во второто полувреме Еспањол дојде до водство кога Куртоа со една несмасна интервенција си ја внесе топката во сопствената мрежа.

Четири минути подоцна Реал Мадрид го израмни резултатот, Белингем биеше, а Карвахал од гол линијата ја внесе топката за 1-1.

Пресвртот стигна во 75. минута кога по една мајсторска асистенција на Винисиус, Родриго погоди за водство на Реал Мадрид од 2-1.

Потоа работите станаа полесни, само три минути подоцна по додавање од Мбапе, Винисиус даде гол за 3-1.

Конечните Реал Мадрид – Еспањол 4-1 ги постави Мбапе со гол од пенал во 90. минута.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ