петок, 22 ноември 2024
Ноечекуван потег на кралскиот клуб за притисок врз судиите

Реал Мадрид објави видео: Утре играме против Барселона и судиите (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Утре се игра реванш полуфиналето меѓу Барселона и Реал Мадрид, првиот дуел кој се играше на Бернабеу го добија Каталонците со 1-0.

На својата телевизија, Реал Мадрид објави видео од големите гршки кои во текот на изминатите години на нивна штета ги има правено судијата Хуан Мартинез Мунуера кој ќе биде главен делител на правдата, како и Хозе Луис Гонзалез кој ќе биде задолжен за ВАР.

„Мартинез Мунуера ќе ни суди на Ел Класико во Барселона, Гонзалез ќе биде ВАР судија… Каква коинциденција! Правдата ќе ни ја дели тандем од кои мадридистите имаат најлоши спомени“, потсетува Реал Мадрид преку клупската телевизија.

„Тоа е судиски тандем кој ги водел натпреварите на кои Реал Мадрид е оштетен најмногу во новата историја, а тоа е мечот Реал – Севиља во сезоната 2020/2021, кога нивните грешки ни ја земаа титулата во Ла Лига. Мартинез Мунуера и Гонзалез тогаш направија дури шест клучни грешки на штета на Реал“.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ