четврток, 25 јули 2024

Реакција на НП Маврово: Шумата се сече плански, нема еколошка катастрофа

Објавено на

часот

Сподели

Денеска жителите на Горна Река изјавија дека по шумите се случува еколошка катастрофа.

Управата на паркот соопшти дека ја користи постоечката инфраструктура, а гради и нови патишта, планирани во наведените плански документи погоре, користењето на патиштата подразбира и нивно тековно одржување во текот на годината за што постои и соодветна документација. 

„Во планираните активности после извршена интервенција во шума, задолжително се спроведува мерката потсејување со елово семе, мерка која што е задолжителна, а исто така и видлива на терен како успешно спроведена во одделите каде што претходно се извршени одгледувачките мерки.

Голем дел од површината под шума во областа Мелник е видоизменета во позитивна насока во однос на структурата, квалитетот и прирастот на дрвна маса и постигнати се пропишаните стручни мерки со селективна прореда.

Површината под шума во шумско–просторната единица „Кораб “ според извршениот премер во 2022 година е зголемена за последниве десет години за 183 хектари , а во однос на дрвната резерва имаме зголемување за 176.946 м3 или 20,20 %. Воопшто не станува збор за деградација и уништување на шумите, туку доследно спроведување на планираните одгледувачки мерки.

Во врска со квалификациите дегрдација и еколошки масакр известуваме дека според последните мерења од страна на стручни и овластени професори на катедрата за уредување на шумите при Шумскиот факултет – Скопје, потврдено е дека во последниот десетгодишен период предмет на анализа искористено е 37 % од предвидениот етат, што покажува дека воопшто не станува збор за масакр и неплански сечи и деградација, што покажува дека и она што ни било дадено како можност не е искористено 63 % од дрвната маса.

Повеќе од седумдесетгодишната грижа и спроведени мерки на заштита, во 2019 година по доставената апликација до УНЕСКО за подрачјето Длабока Река како највисоко ниво на вредности и заштита, ова подрачје го доби статусот на заштита од УНЕСКО исполнувајќи ги сите највисоки нивоа на заштита и вредности, што покажува дека не се спроведува деградација и еколошка катастрофа на просторот на паркот, туку токму спротивното – се штитат и создаваат подрачја со голема вредност.

Управата на паркот како и досега ќе продолжи законски да работи, доследно спроведувајѓи ги мерките за заштита и одгледувае на просторот, транспарентно, отчетно и секогаш подготвена за соработка со сите засегнати страни и грајѓани. Последен доказ за тоа е формираниот совет на засегнати страни и номинираните членови во ова тело, а посебно ќе нагласиме и членови во ова тело се и претставници од ова здружение.

Управата на Паркот е подготвена како и досега во име на соработката и решавање на тековните проблеми во наведениот регион кои се реално евидентирани од двете страни, предлагаме средба на 13 јуни во 12,00 часот со претставници од здруженито Преродба на Горна Река  во управата на паркот или да предложат термин за средба  во текот на наредната работна недела“, се вели во реакцијата на  управата на ЈУ Национален парк Маврово.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ